Маџир маало ќе стане хотелски ресорт – на жителите тоа не им чини

Со Деталниот урбанистички план за скопската населба Маџир Маало, кој се наоѓа во фаза на анкета и јавна презентација, предвидено е на на овој простор од десната страна на Вардар и во центарот на Градот, да се изградат 56 хотелски комплекси и 52 згради за станбено домување, вели архитектката Кристина Богеска, жител на Маџир Маало, за порталот СДК.



Но, жителите не се задоволни што без претходно никаква анкета спроведена меѓу нив, според предлогот е предвидено да има повеќе хотели отколку станбени објекти за домување. Тие се незадоиволни и со предвидената изградба на нов мост преку Вардар.

„Со ГУП-от е предвиден и булеварот Крушевска Република за кој се предвидува поделба на маалото на два дела и рушење на многу голем број на куќи и дислокација на овие жители. На растојание од 700 метри помеѓу два моста се предвидува уште еден булевар и мост. Предвидениот булевар би бил оддалечен само 350 метри од веќе постоечкиот булевар Крсте Петков Мисирков и мост (западно од маалото) и 350 метри од веќе постоечката улица Беласица и мост (источно од маалото)“, вели Богеска.