Хајко Мас контра Макрон: НАТО-алијансата е жива…


Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека НАТО е живо, како контра на тврдењето на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој изјави дека безбедносната алијанса претрпела „клиничка смрт“.



Според Мас, оправдано може да се каже дека НАТО-алијансата е жива  и останува клучна за безбедноста во иднина и дека мора и понатаму да се развива.

По германскиот, се огласи и норвешкиот министер за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде, кој денес рече дека сè што прави НАТО како воен сојуз почива на „нашата способност да бидеме политички обединети“.