Најчевска ги прозва Албанците кои имаат 2 грама мозок


„Не знам дали разбираат Албанците колку е ова понижувачко за сите нив кои имаат два грама мозок.
На ден кога се одбележува создавањето на албанската азбука како симбол на културата и образованието и развојот, ти да донесеш банда примитивци да дивеат во театар е исто како да им плукнеш во фаца на сите албански просветители и интелектуалци и уметници и наставници и професори“, пишува професорката Мирјана Најчевска во статус што го сподели вчера на Фејсбук.
„Ако на ова не реагира интелектуалната албанска заедница тогаш навистина докажуваат или дека се дел од овој примитивизам (во што навистина не сакам да поверувам) или пак дека се толку уплашени што не смеат глава да дигнат под стегата на мафијата која ги навасала (што е неверојатно жално ако е вистина).
И не, театарот не е на ниту една политичка партија, и да тој е изграден со парите на граѓаните, со многу конкретна намена, која Артан Груби не може да ја разбере бидејки таа ги надминува неговите сознајни капацитети.