Министерот за култура Хусни Исмаили изјави дека не чувствува одговорнот за инцидентот во МНТ, но побара одговорност од организаторите, иако рече дека не знае кои се организаторите.



Тој рече дека околу инцидентот во петокот кога навивачката група „Шверцери“ имале прослава“ во Македонскиот народен театар имал „површни разговори“ со директорката на Театарот и со пратеникот Артан Груби.

Досега никој од албанските политичари и владини функционери не го осуди начинот на кој „шверцери“ славеа и предизвикаа штета во МНТ.