Софија очекува протести во Скопје, Белград работи против договорот за добрососедство

Првиот човек на бугарската новинска агенција Фокус Красимир Узунов кој е поранешен полковник во бугарските тајни служби одговорен за Македонија, предвидува дека во Скопје може да се организираат протести против потпишувањето на договорот за добрососедство најавен од премиерите Заев и Борисов.



Според Узунов договорот е важен за Бугарија затоа што тој ќе донесе интеграција а не конфликт на Балканот. Во изјава за емисијата „Добро утро Бугарија“ на националното радио Узунов вели дека сеуште е нејасно дали договорот ќе биде потпишан на 2 август Илинден затоа што во него има уште многу нерасчистени прашања.

Според него отпорот во Македонија за договорот се должи на српски активности кои што сакаат да го задржат своето влијание а не исклучува ниту протести од страна на македонската опозиција.

Во македонските медиуми имало над 1800 негативни коментари за договорот со Бугарија што според екс разузнавачот кој целата своја кариера во тајните служби ја минал во одделот за Македонија е дело на смислена кампања водена од еден центар.