Откако премиерот Заев побара да бидат објавени сите информации за негова поврзаност со случајот Рекет се јави генсекот на опозицијата Јанушев.
Тој го прашува Заев за неколку информации меѓу кои и за мемориска картичка УСБ со шифра NSKRO 74/17.
Јанушев вели дека комуникацијата за која говори а во која е инволвиран Заев е на сигурно.
“1. NSKRO 74/17 – USB, се сеќавате ли г-дине Заев?
2. Кој од влада му дојави на Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет?
И, еве за денес последното:
3. Се сеќавате ли на Вашата комуникација со Јанева?
П.С. – сетете се за комуникацијата затоа што телефонот е на сигурно”, пишува Јанушев до Заев.
Премиерот и неговиот ПР по три часа се уште не беа одговориле на постот на Јанушев.





