Глобалната координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“, Ана Дукоска, ја коментира изјавата на Стево Пендаровски дека и тој би се иселил од Македонија ако не беше претседател.
„На 8 октомври 2019 година Stevo Pendarovski ја отвори својата канцеларија ‘за сите млади во земјава’, изјавувајќи:
‘Секој млад човек треба да има шанса да успее тука дома и затоа на нас е да им овозможиме поддршка, да им дадеме можност за реализација на нивните идеи’.
Денес, 23 ноември, 2019, тој изјави:
‘И ја да не бев претседател и ја би се иселил од Македонија’.
Со вакви непромислени изјави СИГУРНО нема да ги мотивирате младите да не се иселуваат, а уште помалку иселените да се вратат дома.
И зошто воопшто се кандидираше за претседател, Стево, ако не ти се живее во Македонија?“, прашува Дукоска на Фејсбук.





