Ивон Величковски за изјавата на Пендаровски: Каков израз на немоќ…

Поранешниот пратеник од Либерална партија, Ивон Величковски, се надоврза на лавината реакции по изјавата на Стево Пендаровски дека, ако не бил претседател, би се иселил од државата.



„Изјавата на Пендаровски е несомнено професорска и искрена, но не и државничка. Ако ја дадеше пред изборите, денес немаше да ја каже од позиција претседател на Републиката. А општата порака му е: Дечки, од мене/нас – толку. Каков израз на немоќ…“, прокоментира политикологот на социјалните мрежи.