Од 2008 до 2018 година во Европска унија мигрирале 258.020 државјани на Македонија, објави на Твитер пратеникот Антонио Милошоски.
Рекордер од Западен Балкан во тој поглед е Албанија со дури 1.249.706 иселени граѓани во ЕУ во последната деценија. Во тој период во Унијата се доселиле 588.033 државјани на Србија, од Косово 529.647, од Босна и Херцеговина 318.271 и од Црна гора 36.089.
До овие бројки е дојдено со собирање на апликациите за азил по прв пат, граѓани откриени со нелегален престој во ЕУ и дозволи за престој во ЕУ доделени прв пат.




