Надвор од сите Европски правила и бугарски закони вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов од јавниот правобранител на Бугарија Сотир Цацаров бара да ги спречи обидите за создавање македонско национално малцинство во Бугарија.
Според прес-центарот на ВМРО-Бенд чиј лидер е тој Цацаров треба да ја спречи “опасната” активност што ја спроведуваат две невладини организации, регистрирани во Благоевград, кои во своите статути имаа цели и задачи слични на забранетата партија ОМО “Илинден”-Пирин.
Меѓу основачите на здружението се и луѓе од раководството на засегнатата организација, се вели во текстот на Весник-Илинден на Македонците од Албанија.
Каракачанов побара од јавниот правобранител да се запре процесот на регистрација на двете здруженија Граѓанското општество за заштита на основните индивидуални човекови права и Здружението на Античките Македонци.
Според Каракачанов оваа можност е достапна во согласност со одредбите на Законот за непрофитни правни лица, се наведува во текстот.
Невладините организации биле регистрирани во Благоевград на почетокот на август. Во мотивите за основање, основачите најавуваат дека ќе спроведуваат активности за поддршка во различни насоки на македонското национално малцинство во Бугарија, се вели во соопштението.
Двете здруженија се регистрирани за спроведување активности за македонското национално малцинство во Пиринска Македонија.
Каракачанов наведува дека слични “опасни активности” спроведени пред повеќе години со забранети со пресуда за ОМО “Илинден”- Пирин. Според него овие опасни пропагандни активности отворено водат кон сепаратизам и спроведување на процесите на формирање малцинства, што е спротивно на Уставот на Република Бугарија “.






