Веќе одамна кажав дека Јанева не е толку специјална, колку што државата ни е со посебни/специјални потреби. Таа беше само персонализација на општиот гнилеж и распад на институциите – се’ додека не ја претворија во кутра самохрана и невработена мајка – реагира на Фејсбук професорката Биљана Ванковска.



Овде сите глумат лудило, а главен поткупувач и најкорумпиран актер е токму државата – таа која ни потфрла преку астрономски буџет трошки за да гласаме за неа и која вака купува „доверливост“. Ова е Потемкинова Македонија 🙁 Не можеме да ја исплачеме колку е за жалење што нам ни се паднала …

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10220085524471330