„Случајот со уставните измени е случај, ситуација каде што видовме дека се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале на некој начин ама не насилно. Случај кој што јас лично како министер, како човек како професор можам да кажам дека стави голем товар на системот на правдата во нашата држава“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска, во гостување на Канал 5.
„На сите ни е јасно, тука сакам да бидам искрена и отворена дека тој закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани“, рече таа.





