Европа го признава товарот што Турција треба да го носи од милиони мигранти, но континуираните турски закани дека ќе ги отвори портите и ќе ги пушти кон Европа се контрапродуктивни.



„Анкара треба да разбере дека користењето на мигрантското и бегалското прашање за политички притисок не може да послужи како начин за приближување кон Европа“, оцени заменик министерот за мигрантска политика Јоргос Кумуцакос.

Според него ваквите коментари привлекуваат повеќе мигранти на брегот на Турција и ја поттикнуваат трговијата со луѓе.

Ситуацијата, според него, не е иста како во 2015 година, но предупредува дека претстои нова криза.

Земјите кои се наоѓаат во надворешните граници на ЕУ, критикуваше Кумуцакос, се оставени сами на себе, и без помош и солидарност на другите земји, миграцијата не може да се контролира.