И мултимилијардерот Блумберг во трка против Трамп

Мајкл Блумберг , еден од најбогатите Американци, влегува во трката за американски претседател на изборите што ќе се одржат идната година.



Тој поднесе каднидатура како еден од кандидатите на Демократската партија до Федералната изборна комисија.

Блумберг кој има 70 години, смета дека досега пријавените дваесетина демократски кандидати се слаби и не можат да го победат актуелниот претседател Доналд Трфамп, на избори.