Се одбележува Денот на албанската азбука


Во Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи свечена академија по повод Денот на албанската азбука и ќе биде одбележана годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. 



Оттаму, 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава.

Годинава првпат ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во државата.

Добитници се истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи. Наградата ќе им биде врачена во 13 часот во Собранието.

(Плусинфо)