Да се исклучат политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од претстојниот изборен процес, побара лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски.
Според некогашниот лидер на сега најголемата опозициска партија, тоа би требало да се направи поради кршење на Изборниот законик од двете партии кои ја започнале предизборната кампања пред законскиот рок, пренесува „Пресинг.ТВ“.
„Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори“, велат од ВМРО-НП чиј лидер е Георгиевски.




