„Грчката епепе-кампања бурно одекна во македонската јавност, делумно онаа интелектуалната, а сепак многу повеќе на социјалните мрежи.
Во сите реакции постои согласност дека грчката кампања претставува отворена форма на иредентизам, со потсетување дека Грција пред Преспанскиот договор, постојано ја обвинуваше Македонија за иредентизам и по најмал повод, па дури и го измисли терминот „антиквизација“ – оценува „Нова Македонија“, по „провокацијата“ со брендот Macedonia the GReat, токмну на денот на посетата на македонскиот премиер Заев на солунскиот саем.
„ Предлозите за одговор на грчкиот потег се движат во радикално спротивни крајности: од целосно оспорување (отфрлање) на Преспанскиот договор до незгасната надеж дека почитувањето на неговите одредби е во интерес на Македонија.
Очигледно е дека за Македонија нема останато голем маневарски простор за себеидентификација на меѓународната сцена по договорите со соседите, како политички така и економски.
Сѐ повеќе се покажува дека и Грција и Бугарија ги користат договорите само и единствено во функција на приграбување на сѐ што има македонско обележје. Со други, зборови нашите соседи (патем, членки на ЕУ и на НАТО) промовираат иредентизам на јавна сцена, без притоа некој од Брисел барем да ги опомени за тоа“.





