Сè е гнило: Авторот на „Едно општество за сите“ прашува има ли крај

Авторот на владиниот план наречен „Едно општество за сите“ смета дека на Македонија и се случува катастрофа.



Поранешниот заменик-министер за образование Петар Атанасов кој се повлече од сите државни и партиски функции незадоволен од начинот на кој владее СДСМ резигнирано ги коментира настаните по пуштање на Катица Јанева од притвор.

“Каков пад, каква катастрофа човече… криминалците на слобода… специјалната црн срам ја проголта…

Колку е се труло околу нас… има ли крај на оваа голгота“, прашува Атанасов.