На Боки 13 му откажал левиот бубрег, мокрел крв и не можел да се движи. За влошената здравствена состојба на Бојан Јовановски предупреди неговиот
Адвокат Сашко Дуковски бара неговиот клиент Бојан Јовановски, Боки 13, под итно да биде пренесен во болница за да се лекува зашто му откажал бубрег, мокрел крв, не можел да се движи.
Дуковски најави кривична против затворскиот лекар во Шутка поради како што вели „сурово и нечовечко постапување, непружање медицинска нега“ кон неговиот клиент.
Боки 13, 30 пати од притвор бил пренесен во болница поради нарушеното здравје. Дукоски посочи дека некој се плаши Бојан Јовановски да биде хоспитализиран и топката се префрла од институција во институција.
Сериозните здравствени проблеми на Боки 13 не дозволувале да се подготват за судењето за „Рекет“.
Бојан Јовановски е во притвор од 16 јули, и е првообвин во случајот за изнуда на 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев заедно со Зоран Кичеец и Катица Јанева. Судењето за „Рекет“ започнува на 3 -ти декември.





