Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор во Шутка од август, ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје, дознава Телма.
Апелациониот суд ја порифатил жалбата на екс обвинителката а за ваквата одлука ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение, но и ја одзел и патната исправа а државата не смее да ја напушти ниту со лична карта. Јаневца, исто така, има забрана да комуницира со луѓето инволвирани во Рекет.
Директорот на затворот Есад Рахиќ за Телма вели дека решението на апелациониот суд донесено денеска се уште не е стигнато кај нив, но доколку стигне тогаш тие ќе го спроведат.
Судењето за неа и останатите обвинети треба да започне на 3-ти Декември.





