Седум чекори со „строги услови за ефикасно спроведување на европските норми и стандарди“ предвидува предлогот на Франција за реформа на процесот на пристапување во Европска унија по блокадата на стартот на преговори со Македонија и со Албанија минатиот месец, откриваат француски дипломати.
Според Париз, ЕУ треба да има можност да се откаже од преговорите за членство ако Владата на земјата-кандидат не ги почлитува стандардите на Унијата.
При секоја етапа ЕУ ќе дава оценка, од која ќе зависи дали конкретната држава ќе добие пристап до одделни програми и фондови на Унијата.
Пред утрешниот состанок на министрите за европски прашања за земјите-членки на ЕУ овие идеи ги изнел францускиот претседател Емануел Макрон на денешната средба со данската премиерка Мете Фредериксен, чија земја пред еден месец беше против отворањето преговори со Албанија.
Француски дипломати велат дека Франција се консултирала за реформите и со Германија и Холандија.





