Францускиот документ за новата методологија во преговарачкиот процес е доставен до сите земји-членки на Европската унија, а по насоките од француската Влада, документот е доставен и до македонската влада, изјави денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Абмасадорот рече дека Франција прво ги очекува реакциите од земјите членки на ЕУ за францускиот план за проширувањето, а потоа со вниамние ќе ги сослуша и забелешките од македонска страна.
Тој најави дека денеска ќе се сретне со вицепремиерот
задолжен за европски прашања Бујар Османи, кого, како што, рече ќе го сослуша
во врска со неговите размислувања за францускиот документ, а најави и средби со
други претставници на властите во земјата.
Според Тимоние најважно од сè
е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава и додаде дека тоа
е работа за која се согласуваат сите.





