Засадени нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Обновен е дрворедот на улицата „Максим Горки“ со 18 нови јапонски цреши.



Во петокот старите дрвја од овој вид беа исечени од страна на градските власти под изговор дека биле болни и опасни по безбедноста на минувачите.

Со помош на донација на ЕБОР дрвјата се купени од страна на вработените од Банката и денеска беа засадени од ЈП Паркови и зеленило.