Португалскиот тренер кој во два наврата беше на Стенфорд бриџ, а сега го води Манчестер Јунајтед му го украл на Челзи, Ромелу Лукаку откако во договор на клубовите, “црвените ѓаволи” понудиле повеќе. Тие извадиле 75 милиони фунти кои Евертон не можел да ги одбие.
Но тука, јавуваат англиски извори постои и нешто друго, а тоа е револтот на 25. годишниот Белгиец кој не бил одушевен да се враќа во Лондон каде што беше три години и постојано беше испраќан и позајмуван во други екипи, или резерва. Лукаку самиот бил повеќе за тоа да премине и да заигра на Олд Трафорд, по што најверојатно пропаѓа трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед кој до пред некој ден делуваше сигурен.





