Најголемата партија во Собранието со 51 пратеник поднела информација со која спикерот Талат Џафери го информира дека ќе формира 10 пратенички групи.
Според дописот ВМРО-ДПМНЕ ќе има девет од групите ќе имаат по пет, а една ќе биде со 6 члена.
Партијата со тоа го користи деловничкото право за повеќе пратенички групи за поголемо учество во дискусиите и зголемена можност да се блокираат законите во Собранието.
Според деловникот координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.
Сето тоа помножено со 10 значи дека за секое прашање и член во законите ВМРО -ДПМНЕ ќе може да одземе 3 часа од секој работен ден на собраниските седници.




