Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа и покачување на платите за 25 проценти во сите сегменти од полицијата, редовната, шумската полиција, затворската и во судската полиција, пренесе Фокус.
Генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, посочи дека бараат и подобри услови и права за подобар живот:
„Денеска тука излеговме сите заедно и кажуваме „протестирам за конечно да добијам униформа, конечно да добијам достоинствена плата, за струја и вода во сите полициски станици, за соодветна заштита при работа, за професионалците конечно да бидат вреднувани зошто не чекам друг да ми ги реши проблемите, за враќање на достоинството во наведените институции, за нов модерен и европски колективен договор во полицијата и шумската полиција затоа што освен за нас, се работи и за нашите деца. Да не дозволиме да ги изгубиме нашите деца за да заминат во странство, рече Коцевски. (МИА)






