Поранешниот премиер Владо Бучковски не се согласува со одлуката на обвинителот да побара прекин на постапката поради застареност на делото вопредметот „Тенковски делови“ што билотворен во 2007 година.
Бучковски бара Судот да донесе ослободителна пресуда.
„Јас 13 години се борам за правда, а денес обвинителот го преквалификува делото и побара прекин на постапката пoвикувајќи се на апсолутна застареност! Јас не се согласив и побарав судот да донесе ослободителна пресуда!“, вели Бучковски.
Тој вели дека не сакал да биде ставен „во ист кош“ со Груевски кому му застари делото во предметот „Траекторија“, пренесе СакамДаКажам.
Бучковски беше обвинет за злоупотреба на службената положба заедно со началникот на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски за злоупотреба на функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.





