Илиевски за Заев и грчката кампања „Macedonia the GReat“: Језа

Еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, го коментира совпаѓањето на стартот на грчката кампања „Macedonia the GReat“ и средбата на премиерите Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев во Солун.



„Бидејќи ‘идентитето не се менуваше’, нели, и не беше сапун да се троши, Грција нарача лого со цела кампања наречена ‘Macedonia is GREat’ (ем велика ко Александар, ем грчка, нели Зоќе?) за цел свет кој доаѓа во тој регион и за сите продукти кои ќе се извезуваат од таму низ целиот свет.

Дополнително, презентацијата на кампањата беше на ист ден на Солунскиот самит пред доаѓањето на вашиот заштитник на идентитети и носител на вистина, правда и слобода. Мицотакис фактички уште еднаш од име на сите Грци му го извади пред сите, му мафташе со него и го тапшаше по чело (името, де). А човекот кој совршено ве претставува сите кои го гласавте, бил очигледно задоволен од виденото и убеден во грчката поддршка.

Језа“, објави Илиевски на Фејсбук.