Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека одговорноста за тоа каде е бегалецот од затвор, Игор Спасов, треба да се бара кај судовите.
На прес-конференцијата посветена на денешиот протест на судската администрација, министерката рече дека во судството не треба да се гласни само кога се во прашање пари:
„Не може да слушаме гласност за тоа како тие ќе си ги делат парите внатре, туку самите треба да бидат свесни за сопствената одговорност.
Дали станува збор за судија, кој го пуштил, не го пуштила Управата или кој било од Министерството надвор, го пушта судија во судска постапка“, рече таа.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори.
Казната затвор ја издржуваше од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.
Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври.
(МИА)





