За Американците „Мини Шенген“ ќе успее само со Косово!


Пратеникот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за разговорите меѓу Белград и Приштина, ја поздравува иницијативата „балкански Шенген“, но смета дека би можела да биде успешна само ако го вклучи и Косово, пренесува „Спутник“.



„. Веруваме дека таа иницијатива, за да биде успешна, мора да ги вклучи сите во регионот, вклучувајќи го и Косово“ – изјави Ричард Гренел.

Администацијата на Трамп е насочена на помош на целиот регион во создавањето економски можности и работни места за младите“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Белград, пренесе „Спутник“.

Во Охрид неодамна се одржа состанок на македонскиот премиер Зоран Заев, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, на кој беа поканети и претставници на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Првата средба на споменатата тројка се одржа на 10. октомври во Нови Сад.

Косово го одби учеството на средбата во Охрид минатата недела на која присуствуваа премиерите Зоран заев, Еди РФама и претседателот Александар Вучиќ.

За косовскиот претседател Хашим Тачи, иницијативата била „бесмислена“, а некои во Косово ја оценија како обид за ново создавање на Југославија.