По претходните обвинувања, Заев сега зборува за добри односи со Русија


Со сосема нова реторика за Руската федерација настапи премиерот во заминување на руски форум посветен на економските врски помеѓу двете земји, коментира Прессинг.ТВ.



Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме, истакнал Заев.

Изминативе три години, Заев постојано даваше изјави против Русија и руските власти па дури и ги обвини за државен удар и поттикнување насилни протести во Македонија.

За време на посетата на Црна Гора, Заев ја обвини Русија дека сака да го спречи влегувањето на Македонија во НАТО и оти ситуацијата е : „Copy-paste“ како со црногорскиот случај.

Пред ламскиот референдум Заев изјави дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство.

Минатата година власта протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал, на што официјална Москва одовори дека „соодветно ќе одговорат“.

Последен пат Заев индиректно ја посочи Русија по средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски со амбасадорот во земјава. На партиска трибина Заев обвини за тајни пактови и сценарија со трети страни и оти опозицијата се радува на неуспехот во Брисел.

Извор: Прессинг.ТВ.