По денешната средба во Париз, претседателот Стево Пендаровски изјави дека на разговорот со францускиот колега Емануел Макрон му рекол дека Македонија не би се согласила со алтернативно членство во облик на европска економска зона, соседи на ЕУ и тн.
„Ми рече прецизно дека никогаш не била негова намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Само, рече, сакам да го подобрам процесот да не продуцира само бирократски успеси а суштински неуспеси кај земјите кандидати“ рече Пендаровски.




