Ердоган се закани дека ќе ги прекине преговорите за членство во ЕУ



Турција би можела да го прекине процесот за пристапување во ЕУ доколку Европската унија изврши притисок и воведе санкции поради грчко-турските кавги околлу Кипар, изјави турскиот претседател Таип Ердоган, цитиран од РИА Новости.

Во 1963 година, Турција потпиша договор за асоцијација со ЕУ, а во 1987 година поднесе барање за членство во ЕУ. Сепак, преговорите за пристап започнаа дури во 2005 година и повеќе пати беа прекинувани.



Досега се отворени 16 од 35-те поглавја од преговорите.

Во март 2016 година, Брисел ги интензивираше разговорите барајќи Турција за возврат да помогне во намалувањето на протокот на мигранти.

Сега проблем е експлоатацијата на гас во водите околу Островот кој „де факто“ е поделен од 1974 година на Република Кипар и Република Северен Кипар.

Односите меѓу Грција и Турција нагло се влошија во последните неколку месеци поради одлуката на Анкара да започне со дупчење и истражување во ексклузивната економска зона на Кипар. Турција, од своја страна, го доведува во прашање правото на Грција да отвора наоѓалишта во близина на нејзините источни острови.

Во средината на октомври, министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија во Луксембург да воведат санкции за Турција. Во понеделникот, Советот на ЕУ одобри законодавна рамка што ќе овозможи санкции да се применуваат на физички или правни лица кои се вклучени во оф-шор операции за дупчење, пренесува БГНЕС.