Кер – Линдзи го обвини Пендаровски за самопонижување во Париз

Професорот на Лондонската школа за економија и експерт за Балканот кој беше силен лобист за македонските преговори со ЕУ му забележува на претседателот Пендаровски за тоа што се сретнал и сликал со францускиот преседател Макрон.



Откако Пендаровски објави фотографија со Макрон Кер – Линдзи смета дека тој не постапил дипломатски туку се самопонижил.

“Сериозно? Откако и го направи тоа на твојата земја? Се појавуваш на негов настан и дури се фотографираш. Има нешто што се нарекува дипломатија. И има нешто што се вика да се биде понижен. Можеби било подобро да најдеш учтиво извинување и годинава да не се појавиш, ех”, пишува лобистот за прием на Македонија во ЕУ.

Според Кер-Линдзи со штетната средба Пендаровски упатил порака дека нема негативни последици за Макрон по блокадата за ЕУ.

Професорот сугерира дека наместо сликање подобро е Пендаровски да го потсети Макрон дека не само тој туку сите имаат гласачи во сопствените земји поради кои мораат да водат некакви политики.