Како наближуваат предвремените парламентарни избори, така се множат ветувањата за повисоки плати во јавниот сектор. Повеќе пари добиваат сите во администрацијата, но најмногу се офајдуваат лекарите специјалисти, чии плати ќе се зголемат дури за 25% од февруари, односно наставниците кои ќе добијат 10% повеќе почнувајќи од јануари.
Екстра зголемување, на она што го добија сите административци од 5% кое се пресметува со платата за октомври која почнува да се дели периодов.
Синдикатите се задоволни од „историско зголемување на платите во здравството, историско зголемување во образованието, најава за значително зголемување на пензиите“, но експертите скептични и загриќени, пишува Дојче веле.
„Светска банка најавуваше и како една од црните точки укажуваше на дисбалансот помеѓу приходите и расходите во буџетот, така што ова што се најавува ќе ги зголеми јавните расходи. Е сега, колку и од каде ќе се обезбедува, е прашање. Имате 40 милиони евра за образование, 40 милиони за пензии, уште двапати толку за социјална заштита и субвенции, сѐ на сѐ ефектот е 100 на милиони евра повеќе. А тоа не се трошоци кои што се еднократни, туку треба секоја година да се обезбедат“, предупредува универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети.
Светска банка, во извештајот за состојбите во македонската економија, на власта ѝ препорачаа да внимава со зголемувањата на платите во јавниот сектор, но и на минималната плата, бидејќи кога тоа е поврзано со намалена продуктивност, може да ја загрози конкурентноста на економијата…




