Алсат: Од 1 јануари за 700 денари повисоки пензии!?


Најверојатно од 1 јануари, пензиите за сите корисници ќе се зголемат за 700 денари, дознава Алсат М од икзвори на владата.



Зголемувањето би било на само два дена пред да почне со работа техничката Влада за договорените предвремени избори во април.

За оваа намена, според пресметките во буџетот за 2020 година, би требало да се обезбедат дополнителни 44 милиони евра на годишно ниво.