Владата и МВР планираат до крајност да го ограничат просторот на кој граѓаните можат да го користат нивното уставно загарантирано право на мирно собирање и изразување на мислење преку организирање на јавни протести и собири.
Според порталот Курир.мк пред неколку дена, во Собранието пристигнал предлог измени на Законот за јавни собири каде што се предвидуваат нелогични и речиси невозможни услови за граѓаните и организаторите на јавните собири и протести.
Според предлогот нема да може да се протестира во близина на институции и на голем број други објекти што значи дека просторот за протести се ограничува на многу малку локации.

Владата и Министерството за внатрешни работи преку овие измени дополнително го ограничуваат правото на јавни собири и протести, го ограничуваат времето кога тие би се одржувале, но и ја зголемуваат потребната бројка на граѓани за организирање на протест.
Целата информација на овој линк





