Еди Рама да се прогласи за непожелна личност во Косово, побара универзитетскиот професор Дадил Малоку ден по Самитот во Охрид каде прамиерите на македонија и на Албанија, како и српскиот претседател Александар Вучиќ ставија потпис на иницијативата за поблиска и олеснета прекугранична соработка популарно наречена „мал Шенген “.
„Еди Рама пред да поддржи „мини Шенген“ со Словените, (Србија каде во преамбулата на уставот уште Косово се дефинира како нејзин составен дел и Македонија, која во својот „стомак“ социополитички и демографски има над 35 проценти етнички Албанци) би требало да поддржи дури и формално, албански мини Шенген. Но, тој го прави спротивното.
Очигледно е дека овој човек е опкружен со просрпски советници, ѓаволски работи за една мини балканска Југославија“, порача Малоку.
За претседателот Хашим Тачи кој одби да допатува во Охрид, идејата е „бесмислена“.
И заменик министерот за одбрана ,Бурим Рамадани, ја нарече идејата за „мини Шенген“ проруска замка. Вели дека покровител на оваа идеја е Русија која е против НАТО постојано ја вооружува Србија.





