По три недели крвваи протести во Боливија, претседател Ево Моралес најави дека ќе поднесе оставка..
Командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијамс Калиман, вчера изјави дека војската предложила Моралес да си даде оставка, со што ќе помогне во обезбедувањето стабилност во државата.
Протестите и немирите во Боливија започнаа по изборите кон крајот на октомври, на кои победи Ево Моралес, а во немирите досега се убиени три лица, а повеќе од 300 се повредени.




