Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, реагира на изјавата на претседателот на Европски парламент, Давид Сасоли, од собраниската говорница дека не треба да се жали за промената на уставното име, туку да се биде горд.
„Давид Сасоли е сегашниот претседател на Европскиот парламент.
Денеска тој е во посета на Македонија, при што од говорницата на македонското Собрание ни порача дека требало ‘да бидеме горди’ на нелегалната и наметната промена на името на нашата земја, извршена од страна на велепредавничката и нелегална влада предводена од Зоран Заев.
Ова е дрско непочитување на правото на самоопределување на секоја нација гарантирано преку Повелбата на Обединетите нации:
‘Ние, народите од Обединетите нации, одлучивме
…
да ги зацврстиме нашите верувања во темелните права на човекот, во достоинството и во вредноста на човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или мали,
…
Прво поглавје: Цели и принципи
Член 1
Цели на Обединетите нации се:
…
2. Да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите и преземање на други соодветни мерки за подобрување на универзалниот мир“, се признесе Панговски на Фејсбук.





