Пратеникот и екс министер за надворешни работи Антонијо Милошоски предупредува дека се доцни со предлог буџетот на земјата за наредната година, со оглед на тоа дека предлог-буџетите во 2014, 2015, 2016 и 2017 година од влада секогаш биле доставувани во текот на септември.



„ Оваа година почнаа да се ситнат деновите од ноември, а од предлог буџетот ни трага ни глас. Слично беше и во 2018/19 година. Тоа е сигнал за два крупни недостатоци, предупредува денеска на Фејсбук Милошоски.
– прво, владата во предизборното брзање нема јасен концепт за буџетско насочување и за ефикасно искористување на капиталните инвестиции, чија реализација е очајно слаба и
– второ, Министерството за финансии и економскиот тим Заев-Анѓушев-Нина Групер немаат капацитет да дефинираат приоритети за кои ресори ќе се одделат повеќе средства (дали за образование, здравство, животна средина, земјоделие, култура, инфраструктура, дипломатија или одбрана итн?). Секој министер влече на своја страна, некој воден од фамилијарни бизнис интереси, или партиски неисполнети ветувања, а во тимот на Заев нема буџетски стратег кој ја согледува големата економска слика и кој има капацитет да пресече за буџетските приоритети.
Милошоски натаму вели дека поради ова „можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата “пиши, хартијата трпи се”.

И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2838058396213608