Новата влада на романскиот премиер Лудовик Орбан доби поддршка во романскиот парламент со што заврши политичката криза во земјата.
Новата влада беше тесно изгласана, со 240 гласови, односно само седум гласови повеќе од минимално потребните 233.
Поранешниот министер за транспорт, Лудовик Орбан (56) беше назначен за премиер по падот на премиерот и лидер на социјалдемократите Виорика Данчила.




