Пред скопска Апелација даде исказ поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими кој ја има обжалено казната од 4,6 години затвор во процесот „Титаник 2“, призна дека добивал телефонски повици од лидерот на ДПА Мендух Тачи за време на седница на ДИК по локалните избори во 2013 година.
„Господинот Тачи ми се јави три пати. Јас еднаш му кажав дека ќе гласам по законот, потоа не му кренав и третиот пат му одговорив, а тој ми кажа да гласам по законите и моите принципи и убедувања од фактичката ситуација“, сведочеше Ибраими на јавна седница во Апелација.
На денешната седница во Апелација не беше присутен само осудениот Мендух Тачи. Него го застапува само адвокат.
Во првостепениот процес лидерот на ДПА Мендух Тачи беше осуден на 3,2 години затвор, Сашо Мијалков доби три години, а Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски беа исто така осудени на три години затворска казна.





