Заев: Не сме сјајна власт, некои во власта се дрски – И Макрон жали за датумот

Премиерот Заев на вечерашната граѓанска трибина „На прав пат“, што се одржа во Струмица призна дека неговата влада прави грешки и изјави дека и францускиот претседател Макрон кој не блокираше за датумот за ЕУ жали за Македонија.



Во своето обраќање Заев за прв пат беше искрен и рече дека владата не успеала да реализира дел од ветувања.

Според него СДСМ и ДУИ можеби „не се сјајна власт и можеби некои функционери се дрски и безобразни, но проблемите се решаваат и се обезбедени пари за се“.

“Во ова време кога треба да носиме одлука како да продолжиме понатаму, сите земји, сите европски лидери, ама сите, вклучително и претседателот Макрон, жалат за историската грешка. Сите до еден, и верувам ќе ја исправат грешката час поскоро, рече премиерот и лидер на СДСМ”, порача Зоран Заев.

Според него само претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и според неговите зборови, неговиот ментор Груевски се радувале на таа грешка.