Анѓушев не барал да се врати рамниот данок

Вицепремиерот негира дека влијаел за одлуката на Владата да се врати рамниот врати рамниот данок како во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а да се замрзне прогресивното оданочување на персоналниот данок на доход што беше клучно предизборно ветување на СДСМ.



„Министерството за финансии ги правеше анализите, јас истите ги видов на владина седница кога тие беа разгледувани. Немав никакво влијание во делот на носењето на оваа одлука“, изјави Кочо Анѓушев одговарајќи на прашање на Алсат м.

Анѓушев одби да ги коментира критиките на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски и неговиот тогашен советник, Бранимин Јовановиќ, кои ја воведоа прогресивната даночна стапка.