Осудениот и сега пребеган убиец на Мартин Нешковски, се уште не е лоциран од полицијата, а тој е уште еден во низата бегалци од правдата во Македонија во изминативе две години.
Спасов е последен во „низата“. Поранешниот специјалец 14 месеци беше на слобода поради лошо здравје но наместо по лекувањето да се врати во Идризово, а според некои шпекулации тој избегал во Холандија. Но нема никаква потврда за тоа од надлежните.
Пред нецела година, побегна и екс-премиерот Никола Груевски. Надлежните засега не утврдија како Груевски ја напуштил државата и пристигнал во Унгарија.
Бегалец од правдата кој се бара со потерница е и Никола Војминовски кој треба да одговара за обид за убиство на Зијадин Села од собраниските настани на 27 април.
Натаму, Дејан Давидовски Дешо, кој избега во Шведска. Тој е обвинет за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.
За судските власти недостапни се и поранешните началнци во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски кои се наоѓаат во Грција.
Тука е и Волфганг Гампер, управителот на „Секјуриком“ од Австрија кому требаше да му се суди за наместен тендер за одржување на Владата.
Малку се звборува но на списокот е и 19 годиниот Јетон Љужа по кој е издадена меѓународна потерница како третосомничен во убиството на Никола Саздовски – Саздо во јуни 2018 во скопска Автокоманда.
Со бегство од Македонија правдата ја избегнуваат и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ за кои се барта екстрадиција од Косово како осомничени во случајот „Монструм“…





