Турција планира да ги испрати милитантите од Исламска држава (ИСИС) што ги заробила, назад во нивните матични земји во Европа, најави министерот за внатрешни работи Сулејман Соилу.
Министерот објасни дека Турција нема да ја прифати незаинтересираноста на Европа во врска со прашањето со овие лица откако Турција беше оставена сама да се справи со нив.
„Нема да ги чуваме засекогаш, не сме хотел на ИСИС“ рече Соилу. Турција ќе ги задржи странските борци „некое време. Потоа ќе ги вратиме назад во нивните земји“.
Според него, државите на ЕУ, вклучително и Холандија и Велика Британија, им го одзеле државјанството на лица кои се бореле за ИСИС со цел да ја спречат Анкара да ги враќа дома.
„Најдоа лесно решение. Тие велат: Им го одземевме државјанство, сега проблемот е ваш …“
Во офанзивата во Сирија, Турција ги презеде притворените членови на ИСИС кои претходно беа заробени од Курдите.





