Вчера во Белград е убиен еден од најозлогласениот водачи на навивачите на Партизан познати како “Гробари”.
Љубомир Марковиќ-Кича е убиен со повеќе куршуми, од кои два завршиле во неговата главата.
Кича беше водачот на една од најнасилните фракции меѓу навивачите на Партизан, популарните „Алкатраз“.
Марковиќ пред 8 години беше осуден на 20 години затвор како организатор на убиството на францускиот навивач Брис Татон, кој го загуби животот во Белград пред мечот Партизан – Тулуз што се одржа во Белград во 2009 година.
Откако во 2017 година му беше намалена казната Марковиќ излегува од затвор по што продолжува со навивачките активности се додека вчера не е убиен на бензинска пумпа во Белград.
Засега не се знае кој пукал во него.




