Димитар Апасиев од президиумот на Левица за енормното аерозагадување во Македонија го впери прстот во владеачката партија, која ја нарекува СДССМ.
„Според податоците на Светската здравствена организација, во Македонија годишно заболуваат од КАРЦИНОМ околу 8.000 луѓе! Најфреквентен е ракот на бели дробови, кој е директна последица од аерозагадувањето.
Или, ако сакате у бројки, неспособното владеење на СДС на ‘Нашата Земја’ овие три години нè кошта околу 10.000 човечки животи на наши сограѓани. Или, посликовито, тоа е биолошко сотрување на еден цел град со големина на Виница 🙁
#НеспособностаИмаЦена
#СДССМеОпасноПоЖивот“, напиша на Фејсбук професорот од Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.





