Од ветените повеќе од 50 проекти од изборната програма на Шилегов, нема ниту еден завршен, рече на денешната прес конференција поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
„Скопје после пола мандат на Шилегов е град во кој хигиената е на многу ниско ниво, отпадот е расфрлан околу контејнерите и на мали депонии, гледаме голема негрижа кон зеленилото, воздухот магично не се исчисти како што ветуваа, а градежните проекти на градот скоро и да ги нема“, рече Трајановски.
Екс-градоначалникот рече дека од ветените 39 проекти против загадувањето актуелните градски власти успеале да исполнат само едно.
„Градоначалник е комунална функција и со изборот граѓаните на градоначалникот му ја дале градската метла и лопата. А, за висока политика нема место“, потсети Трајановски кој оцени дека Скопје никогаш не било повалкано и покрај тоа што вработија околу 200 нови.
Центарот на градот е како две години никој да не пипнал ништо, од генералното чистење па се до уличните кучиња никој повеќе не ги третира“, рече Трајановски и додаде:
Од големите градежни ветувања како голем ринг околу Скопје со булеварите „Црногорска“, „Словенечка“, „Хрватска“ нема ни трага ни глас.





